Иванов бара Заев да обезбеди поддршка од 61 пратеник

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по речиси двочасовната средба со претседателот Иванов во неговиот кабинет изјави дека тој го побарал мандатот, но дека Иванов рекол дека не доаѓа предвид да го добие само затоа што се второпласирана партија по број на освоени мандати. Мандатот ќе го добие само ако му достави доказ дека обезбедил поддршка од 61 пратеник, односно мнозинство во Парламентот.

Заев рече дека на СДСМ во овој момент најмногу и одговараат нови избори, но дека сепак заради стабилизација на состојбта подобро е да со формира Влада со широка поддршка. Тоа не значи коалиција со сите партии, посебно не со оние кои се предмет на истрага на СЈО, рече Заев.

Претходно, лидерот на ДУИ Али Ахмети оствари средба со Иванов. По средбата со претседателот Ѓорге Иванов изјави дека сега топката ја префрлил во рацете на Иванов и тој треба да одлучи кому ќе го даде мандатот.

Според генералниот секретар на Беса Африм Гаши пак, кој учествуваше на разговорите во претседатеслкиот кабинет, сега се треба да се реши во Собрание. Кој ќе формира мнозинство, тој ќе го добие мандатот, рече тој.

ако.мк