Иванов му го врачи мандатот на Груевски

Претседателот на РМ Ѓорге Иванов му го врачи мандатот за состав на нова Влада на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Согласно Уставот мандат за состав на нова Влада добива онаа партија која има освоено најмногу пратенички места на изборите.

Чинот на врачување помина само со фото сесија, без новинари и без изјави.

По доделувањето на мандатот, мандатарот има 20 дена да состави мнозинство и до Собранието да состави програма за работа на владата. Потоа, владата треба да биде изгласана од Собранието, за што е потребно мнозинство од пратениците.

Доколку мандатарот не успее во законскиот рок да обезбеди мнозинство, мандатот му се дава на втората партија по бројот на освоени гласови. Доколку и тој не успее да формира влада, треба да  бидат распишани нови избори, кои можат да се случај најрано шест месеци од последните, во случајов тие би се одржале заедно со локалните во мај или во јуни.