Иванов: Нашето општество се сведе на фаќање сеир на несреќата на другиот

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на почетокот од своето годишно обраќање се осврна на атмосферата во општеството, која според него , ,,се сведува на фаќање сеир на несреќата на другите“. Во тој контекст , тој ги критикуваше ,,судските процеси кои се претворени во политичка одмазда кон политиките противниоци“.

Иванов рече дека заради предолгата политичка криза економијата никогаш не била послаба и со послаби резултати.