Иванов нема да се сретне со еврокомесарот Хан, терминот го отстапил на Бетмен и Дамовски

Претседателот Ѓорге Иванов, нема да оствари средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, информираат од Кабинетот на Претседателот.

Од таму велат дека Иванов, кој вчера престојуваше во работна посета на Унгарија, во Македонија ќе се врати доцна вечерва, при што нема можност за средба со еврокомесарот Хан.

Во петокот  на амбасадарот Самуел Жбогар, му било соопштено дека Иванов нема да оставари средба со Хан затоа што  своите ставови му ги соопштил на 10 февруари и тие остануваат непроменети.

„Претседателот Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана“, се вели во соопштението од неговиот Кабинет.

Со оглед на тоа дека Иванов нема да оствари средба со еврокомесарот Хан, од Кабинетот велат дека тој предвидениот термин им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа средба со Хан, но тој не ги „удостои“.