Иванов не го дава мандатот на Заев

Нема да определам мандат на секој оној кој преговара за Платформи на туѓи држави. Странски Платформи не смеат да бидат основа за нов мандат. Нема начин, ниту сила да ме премисли некој,рече Иванов и вети дека се додека е Претседател на РМ нема да даде мандат на човек што се залага за уривање на унитарноста и сувереноста на РМ, рече Иванов.

Има формално правна пречка, но и суштински проблем. Според Иванов содржината на Платформата што е предмет на договор меѓу СДСМ и ДУИ за ново парламентарно мнозинство е Платформа на туѓа држава и ја доведува во прашање иднината и на Македонија.

Наместо да ја отфрлат, тие ја поддржаа и почнаа да лицитираат со неа. За време на средбата од Заев денеска, побарав да ја отфрли Платформата, бидејќи граѓаните гласаа за друго, не за Платформа на туѓа држава. Тоа е и казниво дело според Кривичен законик, рече Иванов.

Тој од меѓународната заедница очекува да ја осуди и отфрли Платформата , а не гласно да молчат, -рече Иванов.

Иванов порача- Меѓународната заедница да се воздржи од наметнување решенија кои се спротивни од интересите на државата.