Иванов очекува Собрание на РМ да го извести дека нема нова Влада

 

– Бидејќи утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија за формирање Влада е поминат, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада – е ставот на Претседателот Иванов  пренесен преку неговиот  кабинет за МИА.

По добивање официјално известување од Собранието на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, велат за МИА од кабинетот на претседателот Иванов.

МИА