Иванов разговараше со претседателот на Уставен суд

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски во неговиот кабинет на Водно.

На средбата, Иванов истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија-соопштува неговиот кабинет.

Претседателот Иванов подвлече дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и ќе постапува исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија-се вели во кусото соопштение.

Нема ниту збор што рекол претседателот на Уставен суд Ивановски за новонастаната ситуација околу доделување на мандатот за состав на Влада откако Груевски не го искористи и не обезбеди мнозинство.

 

 

.