Иванов со безбедносни сертификати за новинари сакал да се заштити од лажни вести

кабинетот на претседателот Иванов потврди дека поделиле безбедносни сертификати за одреден број новинари:

„Во процесот на спроведување на итните реформски приоритети врзани за прашања за безбедноста, но и законската обврска на Претседателот на Република Македонија да ја донесе стратегијата за одбрана, советот планира активности во кои сметаме дека треба да бидат вклучени и стручни лица – новинари. Согласно законските одредби за работа за класифицирани податоци, новинарите треба да имаат  безбедносен сертификат од надлежен државен орган ДБК“, велат од кабинетот на Иванов.

Намерата на претседателот била новинарите да му дадат сугестии како да ја информира јавноста и да ја подигне свеста и безбедносната култура за работата со класифицирани иформации.

Безбедносните сертификати требало да го заштитат заради постоење на висок ризик од генерирање на лажни вести и планиран истек на информации што врши ерозија на институциите?!.

За кабинетот на Иванов претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, е погрешно информиран.

Со овој скандал, претседателот Иванов ги стави новинарите во редот на општествено-политички работници, а со безбедносните сертификати ги врати во  време на еднопартсикиот систем кога новинарите добиваа такви потврди од МВР пред да почнат да работат.