Иванов тврдоглаво не го дава мандатот

По средбата со претседавачот со европскиот Совет Доналд Туск, Ѓорге Иванов излезе со изјава дека неговите ставови се непроменети:

-Мојот став останува непроменет- правната и политичката пречка мора да се отстранат. Целта на двата услова е новата влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна за да спречиме штетни последици со кои би се соочиле. Уценета влада е нестабилна влада со краток рок на траење и штетни последници “- рече Иванов.

Тој тврдоглаво одбива да ги земе предвид Уставот и поднесените гаранции од опозициската СДСМ во форма на владина Програма, туку инаетливо се држи до веќе изнесените услови:

– Прва точка на дневниот ред на партиите и пратениците треба да бидат европските реформи, а не спроведување на постизборна платформа креирана во туѓи држави, платформата со која се загрозува безбедноста на државата, се условува парламентарното мнозинство, се уценува составот на новата влада. Се нарушуваат добрососедтските односи со директно мешање во внатрешните работи во Македонија, се потикнуваат тензии во меѓуетничките односи, се манипулираат граѓаните со прашања кои се надвор од рамковниот договор, се бара промена на уставот и затоа за Република Македонија и се потребни европски реформи, а не туѓи платформи и како држава мораме да се фокусираме на европските реформи“ – рече Иванов.

Тој потенцираше и дека само реформите ќе ни помогнат да го искорениме коренот на политичките кризи.