Иванов ѝ врати за поддршката на Силјановска за неговата кандидатура 2009 година

Сѐ уште актуелниот Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со прошетка низ Охрид ѝ даде поддршка на кандидатката за Претседател на Република Северна Македонија од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска. Таа беше меѓу првите која се потпиша на неговата кандидатура пред неколку години. Колеги се од Правниот факултет.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ се прошета заедно со нив.

,,Денеска во Охрид го имав задоволството заеднички да разговараме со актуелниот и цврсто верувам, идниот Претседател на Република Македонија. На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите, кои ќе ја заштитат волјата на граѓаните, и кои ќе бидат бескомпромисни борци за словото на законот и правната држава. И тоа во време кога правдата е нападната од неправда и кога владата ја гази волјата на народот.
Ова е битка на нашата генерација, на оние кои влеговме во политиката не за да добиеме нешто, туку за да го дадеме најдоброто. Не е повеќе опција седењето настрана, и немото набљудување на пропаста во нашето општество. Сите ние имаме можност и обврска да влијаеме пред да биде вистински предоцна. Да ги оставиме разликите, сите заедно да се обединиме, да се спротивставиме, да победиме. На Македонија и требаат честити луѓе и луѓе кои го знаат патот. Ќе го мобилизираме најдоброто од нашата земја, ќе подадеме рака на секого, бидејќи нашата цел е честита и силна Македонија!“-вели Мицкоски.