Иван Савиди е грчко-рускиот бизнисмен што плаќал за немири во Македонија

Глобалната новинарска истражувачка мрежа заедно со Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), го откриваат името на руско -грчкиот бизнисмен кој наводно финансирал немири во Македонија заради оневозможување на влезот на земјата во НАТО.

Тоа, според оваа глобална мрежа (новинар Сашка Цветковска) , го докажуваат документите од министерството за внатрешни работи до кои дошле од  Лабораторијата за истражувачки извештаи на Македонија, партнер на Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP),.

Според податоците, Иван Савиди исплатил најмалку 300.000 евра  на противниците на преименувањето на Република Македонија.

Иван Савиди е руски милијардер кој живее во Грција и кој порано бил член на рускиот Парламент.

Овие исплати биле направени на повеќе од десетина македонски политичари од разни партии, членови на неодамна основани радикални националистички организации и фудбалски хулигани навивачи на клубот ,,Варадр“ кои учествуваа во последните немири.

Еден ден откако Македонија го потпиша договорот со Грција, демонстрантите протестираа на  улиците на главниот град, Скопје. Толпата од околу 1.500 луѓе побара прозападниот премиер Зоран Заев да се повлече, пишува оваа истражувачка мрежа. Молотов коктел беше фрлен кон зградата на Парламентот, но не предизвика никаква штета. Дваесет и шест лица беа уапсени.

Сега, според новинарите на(OCCRP) , на македонските противници на новото име им се исплатени најмалку 300.000 евра од Иван Савиди, милијардер роден во Грузија, кој сега живее во Грција, но го поминал поголемиот дел од својот живот во Русија и некогаш бил член на Парламентот на земјата како член на владејачката партија Обединета Русија.

Иван Савиди е сопственик на фудбалскиот клуб ПАОК од Солун. Тој неодамна на теренот за време на натпреварот со АЕК од Атина влезе со пиштол на појасот.

Според Форбс, Савиди ,,тежи“ 1.9B$.