Иван Стоиљковиќ за ,,Политика“: Брисел нема да го скрши Иванов

Во Македонија идната недела доаѓа претседателот на Советот на ЕУ Доналс Туск кој има улога да изврши дополнителен притисок врз Претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, но колку што сум јас запознат Иванов нема да се согласи на тоа“ -изјавил во интервју за српска ,,Политика“ коалицискиот партнер на Груевски Иван Стоиљковиќ.

Претседателот на Демократска партија на Србите во Македонија изјавил дека со платформата на Албанците и Србија ќе биде доведена во тешка положба, бидејќи таа ќе биде осудена заедно со Македонија за наводен геноцид врз Албанците во периодот од 1912 до 1956 година.

За Стољковиќ притисокот што го прават зпадните странски сили е со цел Македонија да го промени името, да ја пикнат државата во НАТО и да им удоволат на барањата на Албанците со што ќе се создаде Голема Албанија, притоа не водејќи сметка за граѓаните на Македонија.