ИВЗ во Србија реши да ги затвори сите џамии поради Ковид 19

Мешихатот на ИВЗ во Србија донесе одлука да ги затвори на одредено време сите џамии во оваа земја, поради влошуваање на епидемиолошката состојба и зголемениот број заразени од Ковид 19.

И натаму најлоша е состојбата во Санџак и градовите Нови Пазар, Тутин и Сјеница, но и во Белград.

На овој начин Исламската заедница сака да придонесе за спречувње на ширење на заразата.

Денеска во Србија се регистрирани 325 нови случаи на Ковид 19, а 8 лица починаа.