Игор Дурловски е ослободен од обвинение и е прогласен за невин

Оперскиот пејач Игор Дурловски и еден од водачите на ,,За заедничка Македонија“, на денешното изрекување на пресудата за 27 април, беше прогласен за невин.

Судијата Добрила Кацараска рече дека обвинителот не го докажал делото за кое се гонел спроред обвинението.

За Митко Чавков, Мунир Пепиќ, Митко Пешов, Душко Лазаров, Јане Ченто, Игор Југ…виновни се за ,,теротистичко загрозување на уставниот поредок“.

Чавков е осуден на казна затвор од 18 години.

Митко Пешов на казна затвор од 15 години.

Душко Лазаров 15 години.

Горан Ѓошевски Леви казна затвор од 15 години.

Оливер Поповски 13 години.

Оливер Радулов 10 години.

Мунир Пепиќ казна затвор од 15 години.

Абдулфета Алими 7 години.

Младен Додевски 12 години.

Јане Ченто 15 години.

Горанчо Ангеловски 12 години.

Игор Југ 12 години.

Влатко Трајковски 15 години.

Вилијам Михајловски 14 години.

Никола Митревски Кољо 15 години.

Александар Василевски Нинџа 8 години.

Се задолжуваат обвинетите да ги надоместат трошоците на судската постапка.

Игор Дурловски се ослободува од обвинение. Јавниот обвинител не го докажал обвинението.

Најголемиот судски предмет за така наречениот „крвав четврток“ во Собранието што се случи на 27 април 2017 година, започна во август минатата година против 33 лица обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок на државата“, а согласно Законот за амнестија за настаните во Собранието донесен во декември 2018 година досега амнестирани се 15 обвинети.

На обвинителна клупа останаа петмина кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој е сега во притвор, началникот во МВР за специјални операции Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски и Јане Ченто и  Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.

Судот ги одби барањата за амнестија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Во рамки на доказната постапка беа сослушани околу 50 сведоци, како и еден загрозен сведок, на чие сведочење беше исклучена јавноста. Како сведоци беа сослушани актуелниот премиер Зоран Заев, министерот Дамјан Манчевски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, владиката Пимен и други.

Со 95 гласа „за“, без против и воздржани, Собранието на 18 декември го донесе по скратена постапка Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 година.

Согласно Законот, амнестијата не се однесува на организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.

Позитивно мислење по барањата за амнестија, добија петмината пратеници – Крсо Мукоски,Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, вработените во кабинетот на тогашниот собраниски спикер Иван Цветановски и Елена Доцевска-Божиновска, браќата Младеновски кои први открија детали за организацијата на крвавиот четврток и Захарије Симовски, Илија Славевски и Митре Питроповски од патриотските здруженија.