Игор Дурловски се откажа од пратеничката функција

Оперскиот пејач, Игор Дурловски, кој стана пратеник со ВМРО ДПМНЕ, откако се прогласи за независен, пратеник, сега реши целосно да се повлече од оваа функција.

,,Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам, а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас.Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба“-напиша тој на социјалните мрежи.