Ова е фотографијата што ја објавија хрватските медиуми, а на која е масовниот убиец Игор Наѓ, кој изврши самоубиство по шесткратното убиство во Загреб. До него е неговата поранешна партнерка Маја Тојагиќ, а на средната фотографија се двете сестри, кои беа убиени вчера во масакр во семејната куќа.

Игор Наѓ имал 36 години, потекнува од Вуковар, а бил таксист. Тој единствено го остави неповредено неговото седуммесечно бебе кое го имал во врската со Маја. Го бил нејзиното прво десетгодишно дете, кое таа го имала со друг маж.

Во семјниот дом на семејството Тојагиќ, вчера во Нов Загреб, смртно ги застрела уште родителите на Маја, како и партнерот на нејзината сестра.

Хрватските медиуми пишуваат дека ваква семејна трагедија не се памети .

Убиецот, потоа, во текот на ноќта изврши самоубиство.