Игор Стефановски – Иџе во знак на протест не ја заврши трката во Имола

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе повторно дојде до подиум на трката на Имола, меѓутоа, одново доби нова казна од организаторите на ТЦР-шампионатот, па втора трка по ред го загуби местото меѓу најдобрите.

Нашиот најдобар автомобилист имаше инцидент со еден од возачите за време на трката, а стјуартите решија да му доделат драконска казна – пенал од 25 секунди.

Во знак на протест, Стефановски се повлече од трката, на еден круг пред крајот.На првата трка Стефановски беше победник, но доби казна од пет секунди, па заврши седми, додека на денешната трка сигурно ќе заврши последен.