Идните амбасадори во Норвешка, Полска, Црна Гора и Обединетото Кралство ќе ги претстават своите платформи

Министерот за надворешни работи,  Никола Димитров, пред Комисијата за надворешна политика, ќе го претстави извештајот за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба на Република Македонија.

На истата комисија половина година откако беа наначени, идните амбасадори во 4 држави ќе ги претстават пред пратениците своите платформи.

Претставување на платформата за дипломатските активности ќе дадат:

Вонредениот и ополномоштениот амбасадор на Република Македонија во Осло, Кралството Норвешка,  Серџим Мухамед;

Вонредениот и ополномоштениот амбасадор на Република Македонија во Република Полска,  Васил Пановски,

Вонредниот и ополномоштениот амбасадор на Република Македонија во Црна Гора,
 Михајло Трпкоски;

Вонредниот и ополномоштениот амбасадор на Република Македонија во Oбединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска.

Александра Миовска доаѓа од МНР, кадешто е вработена на задачи што подразбираат допломатија, а таа била дел од преговарачкиот процес за името со Грција, како дел од тимот на амбасадорот во САД, Васко Наумовски.

Министерот Димитров веднаш по доаѓањето во МНР, ја зеде Миовска како дел од неговиот кабинет.

Важи за професионалец во дипломатијата и не е политички ангажирана.

Идниот амбасадор во Полска, Васил Пановски, исто така е вработен во МНР, а доаѓа од позиција на работно место во Директоратот за билатерални односи со европски држави. Тој ќе ја претставува РМ во Полска.

Михајло Трпковски е долгогодишен дипломат од кариера, бил амбасадор во Босна и Херцеговина, вработен е во МНР.

Серџим Мухамед, идниот амбасадор во Исло, својата кариера ја започнува како советник во МНР, а беше и советник во Амбасада на РМ во САД, за време на амбасадорот Зоран Јолевски.

На истата комисија по 4 години амбасадор во Израел, Пајо Авировиќ ќе даде отчет за својот мандат.

 

Фото: Александра Миовска, амбасадор во Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска