ИД нуди милион долари за главата на данската студентка

Откако минатото лето данската студентка Јоана Палани отиде во Сирија да се бори против Исламска држава, таа сега се наоѓа во затвор и и се суди за прекршување на збраната за патување надвор од Данска.

Палани е од курдско потекло и бидејќи таа за многумина е херој затоа што тврди дека убила најмалку 100 борци на ИД и ослободила група заробени жени и деца кои требале да служат како сексуални робови, на интернет е покрената петиција за нејзино ослободување.

Од друга страна, Индипендент наведува дека Исламска држава преку социјалните мрежи нудат еден милион долари за нејзината глава.