Изборен молк вечерва на полноќ

Партиите кои учествуваат во изборната трка за предвремените парламентарни избори денеска го трчаат последниот круг во изборното претставување.

Коалицијата предводена од СДСМ, „За живот во Македонија“, својот последен митинг во рамки на оваа изборна кампања ќе го одржи во општина Гази Баба во 19 часот.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, вечерва ќе имаат минитнг во Крушево од 17:30 часот, а потоа и во Прилеп 20 часот.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе одржи средба со граѓани на Општина Прилеп на плоштадот во Прилеп во 13:30, а вечерва од 19 часот ќе има митинг во Битола во Центарот за култура.

Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе одржи прес-конференција на која лидерите на Коалицијата ќе ги презентираат ставовите околу предизборниот процес и главните пораки до граѓаните, а вечерва од 18 часот Коалицијата ќе одржи митинг во трговскиот центар „Лептокарија“ во Скопје.

Политичката партија Левица ќе одржи прес-конференција во 12.30 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Изборниот молк стапува вечерва на полноќ и трае до завршување на процесот на глсање во 19 часот во недела 11-ти декември.

Утре гласаат иселениците во дијаспората околу 20 000 пријавени гласачи, затворениците, болните и немоќните и униформираните лица во касарните.