Изборен штаб на СДСМ во Арачиново

СДСМ вчеравечер отвори партиски штабови во Шуто Оризари и Арачиново.

На отварањето на кое присуствуваа високи партиски функционери, лидерот на партијата Зоран Заев најави дека ќе се зголеми социјалната помош, ќе се создадат услови за нови работни места и да се задржат младите да не ја напуштаат државата.

„Среќа има само кога се среќни сите граѓани. Ако има пари во секое семејство. Ако ги задржиме младите да живеат тука, и тука да работат и да ја градат својата иднина. Ќе ги вратиме парите кон граѓаните.
Државата ќе им помогне прво на најсиромашните“, изјави Заев во Шуто Оризари.

Тој ги повика граѓаните да пријават доколку некој се обиде да врши притисоци врз нив.

„Ако некој се обиде да ви се заканува, да ве заплашува и да ве поткупува, казната е затворска“, рече Заев.