Изборите се единствен начин да се излезе од кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски (денес 14 откомври, 2016-та година) оствари средба со Јоханес Хан, комесар за европска, соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија.

На средбата соговорниците разменија мислење за повеќе сфери и области вклучително актуелните политички случувања, темата со изборите и случувањата со мигрантската криза.

Соговорниците констатираа дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11- ти декември.

%d1%85%d0%b0%d0%bd-%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8

Груевски посочи дека изборите се едиствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето на доверба потребен е ангажманот и придонесот на сите полиички субјекти.

Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ принципиелно се придржува и го дава својот придонес во исполнување на политичкиот договор постигнат меѓу партиите.

Соговорниците разговараа и за предизивците со мигрантската криза каде Реублика Македонија во досегашното справување даде значаен придонес, при што за понатамошни активности беше заклучено дека е потребно заедничко и координирање делување соглашно стратешките определби на Унијата.