Изборната кампања во финишот

Политичките партии имаат уште два дена да ги претстават свооите погледи за иднината на земјата, да го искритикуваат противникот и да ги убедат граѓаните да гласаат за нив.

Лидерот на СДСМ ќе се обрати пред неговите сограѓани во неговиот роден град Струмица, а опозициската коалиција предводена од СДСМ ќе има средба со граѓани и митинг и во Радовиш.

ВМРО ДПМНЕ претпоследниот ден од кампањата ќе го помине во Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари, а во Скопје централен собир ќе има и Алијанса на Албанците.

Во Скопје предизборен митинг ќе има и Коалиција за промени и правда, а ВМРО за Македонија во Ѓорче Петров.
Во сабота на 10 декември гласаат затворениците, војниците, дијаспората и болните и немоќни лица, а во недела од 7 наутро до 19 часот ќе бидат одтворени избирачките места на цела територија на Македонија кога граѓаните со право на глас ќе изберат кој ќе ја води државата во наредните 4 години.