Изборната кампања почнува од понеделник

Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември оваа година ќе започне на 21 ноември (понеделник) и ќе трае до деветти декември кога на полноќ започнува изборниот молк.

Државната изборна комисија предупреди дека од денот на распишување на изборите па се до почеток на изборна кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање.

Исто така, од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања.