Изборниот спот ,,Вучиќ педеру“ забранет за емитување во Србија

Српското регулаторно тело за електронски медиуми им наложи на сите медиуми да престанат да го емитуваат изборниот спот на СНС за претседателските избори, познат како ,,Вучиќ педеру“. Имено во спотот на крајот од приказната се слуша слоганот кој често се скандирал на фудбалски натпревари Вучиќу педеру, на што Вучиќ во спотот одговара со одмавнување со главата, во стилот-нема шанса.

Како што соопшти регалаторното тело, со пораката од спотот се крши законот за рекламирање со кој е строго забрането да се пропагираат навредливи пораки.

Еве го спотот што се емитува повеќе од половина изборна кампања:

 

Инаку, Вучиќ пред дваесетина дена се пофалил дека идејата за овој спот е негова.

Сега СНС реагира со обвинување дека во Регулаторното тело за електронски медиуми седат се уште кадри на ,,стариот режим на ДОС“ и дека одлуката за забрана за емитување на спотот е цензура.