Изборни правила за медиумско известување и рекламирање

 

Со последните измени на Изборниот закон од јули годинава, новитет во однос на регулирањето на медиумското претставување на политичките партии е воведувањето на контрола и врз електронските медиуми (интернет-порталите).

Според измените, строго се забранува каков било начин на финансирање или донирање на политичките партии од медиумите и од лица поврзани со нив.

За време на изборната кампања, радиодифузерите што ги покриваат изборите можат да емитуваат вкупно 18 минути дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за платено политичко рекламирање. Од нив за политичките партии на власта и на опозиција кои се застапени во Собранието на Република Македонија треба да се одвојат најмногу осум минути, а за политичките партии во Собранието на Република Македонија, кои немаат пратеничка група и за политичките партии кои не се застапени во Собранието треба да се одвои по една минута.

Според измените, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање, кои во периодот од утврдување на ценовниците до почнување на изборната кампања се должни најмалку двапати јавно да ги објават на своите програми, односно во своите изданија.

Ценовниците не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања. Во спротивно, предвидена е глоба од 8.000 евра.

За време на изборната кампања, јавниот радиодифузен сервис е должен да обезбеди рамноправен пристап во информативната програма, при што 30 проценти од времето треба да емитува за дневните настани од земјата и од светот, 30 проценти од времето за активностите на политичките партии на власт, 30 проценти од времето за активностите на политичките партии во опозиција и 10 проценти од времето за активностите на политичките партии што не се претставени во Собранието.

Од денот на распишување на изборите до изборниот молк, јавниот радиодифузен сервис е должен да организира дебатни емисии, односно соочувања на најголемите политички партии од власта и од опозицијата, како и на другите учесници во изборниот процес.

Порталот ako.mk ќе известува од изборната кампања и изборниот процес, а согласно законот, веќе е утврден и ценовникот за платено политичко рекламирање кој се наоѓа на видно место во рубриката маркетинг понуда на следниот линк:
ako.mk-маркетинг понуда

ologo akologo