Јорго Огненовски, долгогодишен спортски работник и еден од најуспешните македонски каратисти, е избран за претседател на новата политичка партија, Демократи.

Жаклина Трајковска, правник по професија е генерален секретар.

Членови на Централниот комитет на Демократи, меѓу другите се проф.д-р Катерина Тодороска, Славко Манговски, Изет Зејнеловиќ, Лилјана Жежовска Ангелеска и други.

Покрај Централен комитет, избрани се и другите органи како што се Статутарна и надзорна комисија.

Иницијативниот одбор на Демократи, успеа за кусо време да собере 1300 потписи, за основање на партијата, а уште на почетокот на нејзиното формирање исто толку пристапници.

Партијата ветува дека ќе промовира исклучиво граѓански концепт, а основната цел ќе им биде да ја разбијат црно-белата слика на политичката сцена.

АКО.мк