Извесно е излегувањето на министрите на ДУИ од техничката Влада

 

Централното претседателство на ДУИ треба да донесе одлука, но се поизвесно е дека многу бргу сите министри во техничката Влада ќе ги напуштат своите функции. Како што изјави портпаролот Бујар Османи, тоа  е еден иод начините да се деблокира работата на Парламентот.:

,,Одредени аргументи се дека и при оставка, министрите треба да останат на должноста до новата влада, но и дека ќе се деблокира состојбата. И меѓу правниците, и во рамки на партиите постои мислење дека евентуално напуштање на позициите ќе ја деблокира состојбата. Доколку изглегувањето од институциите ќе помогне во деблокирање на состојбите, ДУИ ќе донесе таква одлука.ДУИ има повеќе од една третина министри во владата, оставката на една третина е паѓање на Влада“-рече Османи.

Втората точка се локалните избори, според Уставот мандатот на градоначалниците се 4 години, следната недела настапуваат точно 4 години и ќе настане правен вакум. ДУИ разгледува што со градоначалниците во тој правен вакум како и да се разгледаат кои се кандидатите за наредните избори – рече Османи.