Изворот на загадувањето на Брегалница води до превозник во ТИРЗ зоната

Градоначалникт на Штип, Благој Бочварски соопшти дека е лоциран загадувачот на Брегалница.

,,Би сакал да ги информирам граѓаните дека заедно со претставници на риболовното друштво и неколку загрижени граѓани лично бев на терен и го пронајдовме изворот на загадувањето во реката Брегалница, во еден од превозниците во ТИРЗ зоната.

Повикав надлежен инспектор и крим полиција кои веќе се на лице место.

Калкулации не смее да има!

Секој мора да ја сноси одговорност за своите постапки!“-напиша Бочварски.

Бројни фотографии и видео записи на социјалните мрежи сведочи на количината на загадување на реката, која беше целосно бела.