Извршена евтаназија врз белгиската параолимпијка Марик Верворт

Белгиската параолимпијка почина во 40 година од животот по пат на евтаназија.

Таа пред две години најави дека се одлучила за евтаназија и дека ќе се активира нејзината одлука во оној момент кога ќе стане неподносливо да живее.

Верворт беше врзана за количка, а патеше од дегенеративно пореметување на ‘рбетот.

Во 2012 година на параолимпијадата во Лондон освои златен медал на трката на 100 метри со колички, но потоа веќе имаше константни болки и тешкотии со спиењето.

Си-Ен-Ен пренесува дека нејзиниот роден град каде таа живееше соопштил дека Верворт ја активирала својата одлука за евтаназија во текот на вчерашниот ден.

Белгија е една од нколкуте држави во светот каде потпомогнатото умирање или така наречената евтаназија е легална.