Изгласан планот за реорганизација на ,,Фени“, работниците извикуваа ,,Победа, победа“

Собранието на доверители  во Основниот суд Велес со 96 отсто од гласовите го изгласа планот за реорганизација предложен од ГСОЛ, а веста за прифатениот план кај вработените кои протестираа пред судот наиде на огромно задоволство.

Извикуваа „Победа, победа“ додека адвокатите на бугарски ,,Минстрој Холдиннг“ ги испратија со свирежи и пораки – ,,Минстрој оди си дома“. Со ваквата одлука на Собранието на доверители всушност и се олесни и работата на стечајната судијка , која во рок од три дена треба да ја потврди одлуката на Собранието и да го донесе решението за затворање на стечајот на комбинатот.

Претседателот на Синдикатот Душко Николовски,денеска прогласи победа на работниците и правдата. Вработените пак беа разочарани од обидите за влијание врз судот на бугарски „Минстрој холдинг“,. На транспаренти им порачаа одете си  и не ни го чепкајте лебот.

Задоволни се и од компанијата Еуроникел.

Директорот на ГСОЛ,Маркос Камхис рече дека денес е голем ден за Фени и работниците.

– Денеска е навистина голем ден за ФЕНИ затоа што дојде до кулминација на процесот што траеше многу месеци. Од првиот ден откако дојдовме во Македонија, кажавме само една работа, дека наша цел е ФЕНИ да стане најуспешен производител на фероникел во Европа. Денеска е ден за славење, денеска го добивме процесот, денеска е голема победа, за вработените, за иднината на фирмата, за сите. Сакам да им се заблагодарам на вработените на ФЕНИ затоа што го поддржуваа ФЕНИ секој ден низ процесот и затоа што работат со нас како инвеститор, како и на целата земјата што нè поддржуваа во намерата да ја спасиме оваа компанија и да создадеме светла иднина за ФЕНИ и за сите нас“, изјави Маркос Камхис, директор на ГСОЛ.

Според компанијата,со реорганизацијата се става крај на неизвесното и лошо управување во минатото со пат за големи инвестиции, од кои 15 до 20 милиони евра само за реконструкција на втората печка, што ќе придонесе за зголемување на производните капацитети и норми на 19.000 до 21.000 тони никел годишно,дополнителни инвестиции со цел зголемување на производството, а сето тоа ќе доведе до нови вработувања, зголемување на платите на вработените и дополнителни стимулации.

,,ГСОЛ/ Еуро Никел“ досега инвестираше повеќе од 80 милиони евра во ФЕНИ. Инвестицијата од ГСОЛ започна со договорот за производство на никел, со кој се рестартираше производството. Оттогаш досега се произведени повеќе од 2.500 тони никел, продолжува извозот, а се ангажирани 200 локални компании кои превезуваат од пристаништето Солун и Албанија. Увезени се над 200.000 тони руди од меѓународни рудници на ГСОЛ.

,,Минстрој холдинг “ бараше ликвидација на комбинатот ,запирање на стечајот, впаричување на имотот на фабриката .

Билјана Тошевски