Изгореа две возила на паркинг во Ново Лисиче

Рано утринава, триесетина минути после полноќ, на паркинг во скопската населба Ново Лисиче изгореле две возила. Полицијата извести дека со пожарот биле зафатени „Гранд Чероки“, сопственост на Д.Г. (38) од Скопје и „Фиат Уно“, сопственост на М.А. (26). Се уште не е позната причината за пожарот.