Изгоре авион за шверц на дрога откако слета на пат во Мексико(видео)

Мал авион користен за шверц на дрога, откако принудно слета на еден пат во Мексико, се запали и целосно изгоре.

Видеото го објави полициски службеник.

Сѐ уште нема информации дали авионот бил намерно запален, каде е пилототот и дали во него во моментот на пожарот имало дрога.