Изгореа бараките на Завод за урбанизам на чие земјиште треба да се градат висококатници

Голем пожар ги зафати старите бараки, кои патем се уште се канцеларии на Завод за урбанизам. Тие изгореа до темел, а пожарникарите не можеа ништо да спасат. Бараките се наоѓаат спроти бензинската на Макпетрол на булевар Партизански одреди и поликлиниката Букурешт.