Издувните гасови од автомобилите им пречат на пчелите

Издувните гасови не се штетни само за луѓето, туку тие ги спречуваат пчелите да го препознаат мирисот на цветот.

Во лабораториски услови,научниците експериментирале со пчелите и дошле до интересни сознанија . Пчелите научиле дека после зголемена доза на цветен мирис, научникот ќе им овозможи слатко задоволство од шеќер. После два циклуси на цветен мирис – проследен со шеќер, и при најмала концентрација на цветен мирис тие ги издолжуваат нивните јазичиња за хранење со шеќер. Но, кога цветниот мирис е помешан со издувни гасови, на пчелите им се потребни 3-6 циклуси додека да почнат да реагираат исто.

%d0%bf%d1%87%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d1%80

Со спроведените испитувања се доаѓа до заклучок дека пчелите немаат потешкотија да го препознаат линалолот (најчесто застапен во цветните мириси) независно дали е чист или измешан со издувни гасови. Но, издувните гасови предизвикале потреба од повеќе обиди за препознавање на другите состојки: мирцен- три обиди, , дипентен – четири обиди, и повеќекомпонентните мириси – гераниумс – шест обиди.

Екологистите имаат направено многу испитувања за тоа како возилата доведуваат до смрт на одредени видови кои живеат во близина на главните патишта, но ова е едно од ретките истражувања кое покажува како сообраќајот има хроничен ефект врз живиот свет.

Билјана Н. Тошевски