,,Излези од лифтот, ти си црна…црна крава“-расистички инцидент предизвикан од српска докторка во Нови Сад(видео)

Раководството на Клинички центар Нови Сад, го осуди расистичкиот испад на нивна вработена, д-р Милена Шчекиќ, кој со расистички навреди се обиде да избрка од лифтот црномуреста студентка од Ирска.

Студентката го снимала целиот инцидент и прашала зошто ја брка од лифтот.

Докторката на англиски и вели поради корона. Затоа што си црна…вели докторката.

Црна, што?…прашува студентката, на што докторката со смеење и одговара крава, на српски.

Инцидентот се случил изминатиот понеделник во лифт на Медицинскиот факултет во Нови Сад.

Студентката се наоѓа на студиска размена во овој град.