Излезноста до 13 часот на ниво на држава е 27,11 проценти

Според податоците што ги соопшти Државната изборна комисија излезноста на гласачи до 13 часот на ниво на држава изнесува 27,11 проценти.

Во Скопје до тој период гласале  29,17 проценти.

Највисока излезност од 47,53 проценти е забележана во Демир Капија, а најниска во Желино 17,71 процент.

Во скопските општини процентуално тоа изгледа вака: во Аеродром 33,97 проценти, во Бутел 28,44 проценти, во Гази Баба 29,34 проценти, во Ѓорче Петров 32,98 проценти, Карпош 34,64, во Кисела Вода 32,45 проценти, Сарај 20,31 процент, Центар 33,52 проценти, Чаир 21,88 проценти и во Шуто Оризари 19,16 проценти.