Излезноста до 17 часот е 52,80 проценти

Според податоците на ДИК до 17 часот во Теарце гласале 377 гласачи од вкупно  714 запишани на Избирачко место 2011 или 52,80 насто.

Разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во бројот на освоени гласови во ИЕ 6 е 314 гласови. Постои можност да се промени бројот на освоени пратенички места.

На 11 декември на гласање излегоа 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 239.

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците 2 и ДПА 2.

АКО.мк актуелно-објективно