Измамниците со дрва се уште успеваат да измамат наивни пензионери

На 09.06.2018 година В.И.(66) од Скопје, пријавила дека на 08.06.2018 година околу 18,00 часот непознат сторител дошол на улица “Црногорска” каде пријавителката седела со нејзиниот сопруг Л.И. и им понудил огревни дрва по цена од 2.300 денари по метар кубен. Пријавителката отишла до банкомат да извади пари, а нејзиниот сопруг со сторителот се упатиле по дрвата при што по патот сторителот му рекол на Л.И. да почека на последна постојка на  “5-ка“ каде ќе го донесе комбето со дрва и заминал. На улица “Ѓорче Петров” сторителот ја пресретнал пријавителката и и ги земал парите 12.000 денари при што и кажал дека дрвата се во нивниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, соопшти МВР.

МВР секојдневно регистрира вакви измами во своите билетени, но измамниците се уште наоѓаат наивни жртви.