Израелска компанија може да го хакира секој телефон

Технологијата на една израелска компанија треба да ги загрижи сите соптвеници на мобилни телефони во светот-пишува Ал Џезира.

Фирмата  Cellebrite, која има договори за соработка со многу влади во светот, тврди дека може да го хакира секој телефон на планетата. Овие информации ги загрижуваат борците за човекови права.

Во март оваа година е објавено дека ФБИ ја користел технолиогијата на израелската компанија  за да отклучи iPhone на еден сериски убиец. Но, подоцна сепак, Федералното истражно биро се обиде да ја покрие оваа вест, па објави информација дека користеле други методи.

 

 

Во лабораторијата на овој произведувач се наоѓаат 15000 мобилни телефони и штом ќе се појави нов модел на пазарот, тимот на  Cellebrite  што го сочинува 250 луѓе, веднаш бараат некаков недостаток во софтверот.

Главни клиенти на оваа израелска компанија се полицијата и разни агенции за спроведување на законите.