Израел ги затвори Западниот брег и Газа

Минатата ноќ Израел ги затвори палестинските територии, Западниот брег и појасот Газа, пред еврејската Нова година која се слави до вторник.

Палестинските територии ќе бидат затворени до вторник на полноќ, како што се очекува, а се зависи од проценката на состојбата, пренесуваат израелски медиуми.

Војската соопшти дека исклучоци ќе има само за итни медицински и хуманитарни случаи.
Еврејската Нова 5777 година (Рош Хашан) почнува денес со залезот на сонцето.

Израелската армија рутински ги затвора палестинските територии за време на еврејските празници, а овој пат на ваквиот потег му претходеа повеќе напади и обиди за напади на израелските безбедносни сили во последните неколку недели.

Териториите не се затворени од јуни, кога беше прославуван Шавуот, непосредно по терористичкиот напад во Тел Авив во кој беа убиени четири лица.