Хаосот во Интер поврзан со нивниот најдобар напаѓач Икарди продолжува, медиумите во Италија јавуваат дека Аргентинецот е исфрлен од тимот поради Перишиќ.

Според информациите од „чизмата“ сопругата на Икарди, Ванда која е негов менаџер во телевизиска емисија изјавила дека Перишиќ има лични проблеми  и затоа сакал да замине од Интер.

На оваа изјава на Ванда, реагирал Иван Перишиќ кој на Икарди му порачал:

„Пренеси и и на твојата сопруга никогаш да не зборува за мене на телевизија“ – остро регаирал Перишиќ кон Икарди.

Не е никава тајна дека Икарди има многу проблеми со соиграчите поради однесувањето  и изјавите на својата сопруга, медиумите во Италија  тврдат дека затоа нивниот напаѓач ја изгубил капитенската лента  и е отсранет од тимот.