Интер официјално објави дека Икарди повеќе нема да ја носи капитенската лента а за нов капитен го назначи голманот Самир Хандановиќ.

Оваа информација дополнително ги зголеми шпекулациите дека Икарди е на излезна врата кај Интер. Икарди нема потпишано нов договор со клубот кој најверојатно ќе одбере една од понудите за Аргентинецот.

Икарди за Интер има одиграно 179 натпревари во сите конкуренции по доаѓањето од Сампдорија во 2012 година и постигнал 109 голови.