Дејвид Бекам веќе подолго време работи во МЛС лигата во САД за клубот Интер Мајами, поранешниот репрезентативец на Англија испратил понуда за Мауро Икарди да го смени Интер од Милано за Интер од Мајами.

Икарди е на излезна врата кај Интер и прашање на време е кога ќе го напушти тимот од Милано, Бекам сака да ја искористи оваа ситуација и да го доведе во Мајами .

Икарди има многу понуди а според последните информации желбата му е Јувентус, но Бекам е упорен да го донесе во МЛС лигата каде финасиски би профитирал многу.