Икони дел од иконографијата на митинзи на ВМРО ДПМНЕ

На митингот на ВМРО ДПМНЕ во општина Аеродром Никола Груевски скоро целе говор го посвети на лидерот на опозицијата, обвинувајќи го пред присутните за велепредавство. На овој митинг исто така се случи мал инцидент кога еден од присутните му довикна на Груевски дека -Шутка не му бега, по што беше отстранет.

Денеска, социјалните мрежи се преплавени со фотографија на која се гледа поддржувач на Груевски како стои во првиот ред со икона во рацете.

Коментарите се најразлични-главно негативни, со прашање што бара верско обележје на партиски митинг, но и шеговити дека -Господ го повикале напомош да им помогне за изборите.

Во секој случај, на ваков верски симбол не му е местото на партиски собир, посебно што лидер на една партија треба да се обрати на сите граѓани без оглед на нивна верска или друга определба.

ako.mk