Илинденскиот говор Мицкоски го посвети на јаничарите од неговата партија и се извини за нивните грешки и неправди во минатото

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше говор за Илинден во Ташмаруниште.

Тој зборуваше за илинденците, но и за јаничарите и предавниците.

,,Оние кои се товар во ВМРО душмански, жестоко се обраќаат кон ВМРО. Целосно свесен за нивните постапки од минатото и целосно свесен дека токму овие жестоки појаничарени јуришници на власта беа товар на партијата, сакам јасно и недвосмилено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено. Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза. Јас повеќе не сакам да ги коментирам, верувам во народот и верувам дека народот сосема јасно разбира за што овде се работи и кој за што се бори, кој ја сака и кој работи за Македонија. Ако оваа темнина е тунелот кој го создаде оваа власт, и во кој сака свесно да опстојуваме, јас ќе ви кажам дека има светло на крај од тунелот. А за тоа светло вреди и треба да се бориме“, рече Мицкоски.

,,Илинденците и сето она за што се бореа е нашата света кауза поради која и постои ВМРО, и ова не се само обични букви, тоа е кодот на Македонецот преточен во слова зад кои има историска големина, и ако некој мисли дека ВМРО припаѓа само на една историска генерација треба да знае дека пред се тоа му припаѓа на народот, на жените и мажите, на младите и старите, на православните, муслиманите, евреите и така ќе остане. И ќе потсетам, супстратот на ВМРО секогаш биле западните идеи и кога многумина во 19 век зборувале за монархии, цареви и кралеви, ВМРО се формираше со идеја за Република и поради борбата за слобода. Токму таа борба за слобода го калеше жезолот на слободата во која се вградени најголемите јунаци на оваа земја и затоа нашата слобода денес не е подарена туку тешко спечалена“-рече Мицкоски.