,,Илинден“ од Тирана со силна осуда за воинствената изјава на пратеничката Дода

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува антимакедонска изјавата на Месила Дода пратеничката од Партијата за правда, интеграција и единство во Албанскиот парламент, која при посетата на Пешкопеја се закани со војна во Македонија. Антимакедонски повици се  нецивилизиран повици и немат место на територијата на Европа. Ние мораме да работиме и да имаме храброст да изградиме искрени и пријателски односи меѓу Македонија и Албанија. Балканот мора да се одели од омразата и ксенофобија меѓу народите. Месила Дода, пратеник во албанското собрание од партијата PDIU, која пак е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама ја нарече Македонија Илирида и се закани со војна-се вели во реакцијата на македонското друштво ,,Илинден“ со седиште во Тирана.

Имено вчера албанската пратеничка Месила Дода испрати воинствека порака при нејзиниот престој во Пешкопеја, а Македонија ја нарече Илирида. Таа им упати порака на Албанците во Македонија дека никој не смее да ги плаши.

„Ви се обраќам,  тука, од албанската страна на граница, но не се сомневајте за многу брзо ќе се обратам и од другата страна на границата. Нема да може Иванов, Груевски или некој друг анти-Албанец да си игра со животите на тамошните Албанци и да ја претворат во европската Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност. Оваа држава без никакво значење не може да ја пронајде својата причина за постоење во злоупотребата и непочитувањето на правата на Албанците од Скопје, од Тетово, од Гостивар, од Охрид и од Струга.  Албанците од УЧК на Шара вчера се изјаснија дека по секоја цена ќе ја бранат Илирида, а  ние денес им кажуваме, не сте сами Албанија е со вас! “ – изјави воинствената Дода.

 

Засега нема осуда од Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, чија партија е во колација со партијата на која припаѓа и оваа пратеничка, како дел од парламентарното мнозинство предводено од Социјалдемократската партија на премиерот Еди Рама.

Вчера реагираше МНР кое побара да се внимава што се изјавува во јавноста и посочи дека пратеничката функција значи голема одговорност за нејзините носители.

(Видеото е преземено од  Фактор)