Илија Димовски во двојазична емисија на ТВ Шења го нарече Зекири од СДСМ Рахман Морина меѓу комунистите на Заев(видео)

На ТВ Шења се одржа дебата во која учествуваа Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, Мухамед Зекири од СДСМ и Фадил Зендели од Беса. Емисијата се одвиваше двојазично на македонски и на албански, а иако Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ имаше слушалка во увото за превод, водителката го испочитува и прашањата му ги поставуваше на македонски јазик. Истото го направи и пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и во меѓусебниот дуел со Димовски немаше никаков проблем да му зборува на македонски јазик.

Димовски го обвини Зекири и СДСМ дека ги лажат и Македонците и Албанците, а во еден момент го спореди со некогашниот југословенски политичар Рахман Морина кој бил поголем комунист од Слободан Милошевиќ. Тој на Зекири му рече дека се продал во СДСМ за функција и дека е поголем комунист од тие на Заев.

Меѓусебниот дуел Димовски -Зекири е на 27  минута од емисијата.

Ви ја пренесуваме оваа дебата одржана на ТВ Шења.