Илија Димовски секое прашање ќе го смета за мобинг

Прекината e собраниската расправа на која на дневен ред се пратенички прашања.

Пратеникот и координатор на пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски, процедурално побара пауза повикувајќи ги министрите да го следат примерот на специјалната обвинителка Катица Јанева и да не одговараат на поставените прашања. Упати апел никој да не му поставува прашања, зашто тоа ќе го смета за мобинг. Најави дека демонстративно ќе ја напушти седницата.

Претседателот на Парламентот Трајко Вељановски даде еден час пауза. Останува неизвесно длаи седницата воопшто ќе продолжи.