Илјадници граѓани на погребот на Момир Булатовиќ

На градските гробишта во Подгорица денеска е погребан поранешниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ, кој ненадејно почина завчера во 63 година од животот.

Од рано изутрина во колони , илјадници граѓани дојдоа да изразат сочувство на семејството, јавуваат црногорските медиуми.

Организирано и индивидуално, пристигнуваат од сите краишта на Црна Гора.

Последна почит идадоа и претставници на српската влада.

Момор Булатовиќ беше еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ и поранешен премиер на Сојузна Република Југославија, во која влегуваа Србија и Црна Гора.

FOTO: In4s